Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев, денеска оствари средба со Јоханес Хајндл, германски специјален пратеник. Соговорниците разговараа и разменија информации за актуелната политичка состојба, за интеграциските процеси како и чекорите кои се преземаат во рамките на акцискиот план за реализација на итните реформски приоритети на државата, соопштија од Владата.
Димитриев, се додава, посочил дека клучно за Владата е остварување на напредок на полето на евроинтеграциите, при што со силен интензитет се работи на реализација на препораките. Се спроведуваат стотици реформски мерки кои ги иницираше Владата и на тој начин се надоместува периодот кога беа распишани изборите и кога таквите активности не одеа со динамиката која беше посакувана.
-Премиерот Димитриев истакна дека сега со прецизен акциски план се задолжени сите државни институции, преку јасно дефинирана рамка за спроведување на препораките и реформите посочени од меѓународната заедница да се стигне до надоградување на стандардите во правосудството, јавната администрација, безбедносниот сектор, медиумите, меѓуетничките односи. Димитриев посочи дека дел од реформите ќе бидат спроведувани веднаш од институциите, за дел ќе расправа Владата и ќе одлучува Парламентот, а дел ќе бидат формулирани преку поширок политички дијалог, се вели во соопштението.
Димитриев подвлекол дека еден голем сет на реформи се направени и до сега, а со ваквиот активизам тие реформи ќе се надополнат и успешно ќе се завршат процесите кои се од интерес на Република Македонија.
Соговорниците разговарале и за актуелната политичка состојба, начините и можностите за нејзино надминување, при што Димитриев објасни дека во интерес на Владата е обезбедување на услови за општествен и економски развој на Република Македонија и сите нејзини граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)