| четврток, 6 декември 2018 |

Правните служби ќе оценат како ќе се постапува по повлекувањето на аболицијата

По одлуката на Претседателот, Ѓорге Иванов целосно да ја повлече аболицијата за сите 56 лица кои беа помилувани, Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков нема одлука како ќе постапуваат со лицата кои се вработени во Министерството, а против кои има кривични постапки.

cavkov3

Чавков изјави дека правните служби ќе оценат како ќе се постапува понатаму. Началникот на Петтата управа, Горан Грујовски којашто е под Министерството за внатрешни работи е осомничен за постапката што ја води Специјалното јавно обвинителство за случајот „Тврдина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top