Репрезентацијата на Аргентина со победа го отвори овогодишното издание на Копа Америка, совладувајќи го Чиле со 2-1 (0-0). Натпреварот се одигра на стадионот „Левис“ во Санта Клара.
„Гаучосите“, иако настапија без најдобриот светски фудбалер Лионел Меси кој се повреди на последниот подготвителен натпревар пред почетокот на Копа Америка, немаа поголеми проблеми да дојдат до победата, пред сѐ, благодарение на расположениот Анхел ди Марија.
Токму играчот на ПСЖ го отвори резултатот во 51. минута, а на 2-0 зголеми Евер Банега во 59. минута од натпреварот. Поразот на Чиле го намали Фуензалида во третата минута од судиското продолжение.
Покрај Аргентинците, победа во групата Д забележи и дебитантот Панама, кој во првото коло со 2-1 славеше над Боливија. Аргентина во наредното коло игра против Панама, додека Чиле ќе бара прва победа против Боливија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)