| четврток, 6 декември 2018 |

„Ферари“ наменето за Македонија било маскирана „тојота“ (ВИДЕО)

Необичниот модел „ферари 360 модена“, што на 27 мај при рутинска контрола на границата со Швајцарија го откри италијанската полицијата, било само нашминкана „тојота МР2“ од деведесеттите години.

ferari-tojota

Возилото на камион за транспорт на возила од Швајцарција што требало да пристигне во Македонија, откако било разгледано од техничката служба на „Ферари“, се покажало дека е копија, пренесе МИА.

Каросеријата на лажното „ферари“ не била бојадисана и имала иста форма како славниот модел. Освен моторот, кој бил оригинален од „тојота МР2“ и многу помал од моќниот В8 на „Ферари“, возилото изгледало како моделот „360 модена“.

Според изјавата на Фабрицио Далемо од финансиската полиција за АФП. Се претпоставува дека моделот требало да послужи како пример за изработка на други копии на лажни „ферари“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top