| четврток, 6 декември 2018 |

„Баскерфест“ од 10 до 19 јуни

Многу улични перфморманси, баскер точки и музички настапи и годинава од 10 до 19 јуни уличниот театар под отворено небо „Баскерфест“ ќе ги забавуваат посетителите на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје и во повеќе градови низ државата…

Меѓу годинашните улични артисти, информираат организаторите, се имиња како патувачка уметничка инсталација „Blink Circus“, шоуто на „Mr. Copini“, оригиналната и креативна сценска изведба „Ome dual“, уметничкиот изведувач „Mr. Bugiganga“, шокантните „Cotzani and Wendy“, бразилскиот мастер манипулатор „Diogo Alvares“, кловнот „Vinyl Burns“ и други.

Баскерфест 2016 традиционално и годинава е поддржан од Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top