Прекрасната Симон Гејтли е доказ дека трудот и работата секогаш се исплаќаат и дека не постои доволно добар изговор за да не вежбате и не изгледате добро и да бидете успешна мајка. Триесет и четиригодишната Симон е вљубеница во фитнесот, која има родено пет деца, од кои најстарото има девет години. Истовремено, таа е одлична домаќинка и посветена мајка, а сепак стигнува да вежба секој ден, па дури двапати дневно.
Нејзиниот ден почнува во 5 часот наутро со тренинг во фитнес-центар, а потоа оди на прошетка со кучето или на планинарење. Симон знае како да ги спои убавото и корисното – на прошетките ги носи и децата, а најмладите две дури ги носи на грб и со нив прави склекови.
Во текот на остатокот од денот, атрактивната русокоса ги извршува секојдневните домашни работи, подготвува здрави оброци за децата и за сопругот, а денот го завршува со уште еден тренинг во вежбалница и со лесна вечера.
-На прво место ми е грижата за децата, а потоа сè друго – вели Симон.
-Се надевам дека сите мајки на светот ќе ја прочитаат оваа приказна и ќе сфатат дека сè е возможно. Кога ќе го сфатат тоа, ќе почнат и самите да го прават истото што и јас. Кој не сака да изгледа добро – заклучува Симон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.