Покрај регионалните, во следниот период ќе почне изградбата на експресните патишта, кои беа ветени.
Сите тендери се распишани. За таа намена се почна со подготвителни активности на патот Прилеп – Градско, инвестиција вредна 30 милиони евра. Но, ќе се гради и комплетно нов експресен пат со 4 ленти, на место каде што претходно имало само ниви. Штип – Кочани, за каде градежните активности се планирани на почетокот на октомври кога се планира и почеток и изградба на експресниот пат Радовиш – Штип.
Комплетно нов експресен пат ќе се гради и на потегот Ранковце – Крива Паланка, а ќе се гради и патот Крива Паланка – Бугарија за што е во тек проектирање и ќе преставува ново патно поврзување со Република Бугарија.
Истовремено вчера беше објавена и темелна реконструкција на патот од Гостивар до Кичево, како преодно решение до изградбата на нов автопат за што ќе биде и објавен повик за јавно приватно партнерство.
Во однос на автопатската делници се работи и на автопатот Демир Капија – Смоквица, а се распиша тендер за автопатот Неготино- Демир Капија, истовремено се работи и на реконструкција на автопатот Скопје – Куманово.
Од регионалните патишта, во моментот се врши реконструкција на патишта во вкупна должина од над 200 километри. Па така се работи па патиштата:
- Битола – Ресен- Буково, каде што дополнително се вршеше дополнително допроектирање
- Патот Кочани – Македонска Каменица- Делчево кој треба да биде готов за 18 месеци
- Патот Мокрино – Смолари, кој 60% е завршен, а ќе биде пуштен во употреба за неколку месеци
- Патот Николиќ – Дојран, за месец ипол ќе биде завршен
- Патот за Маврово се гради, од Бунец до браната е завршен, а од понеделник почнува втората фаза
- Се работи и на патот Бошков Мост – Дебар
- Се работи и на патот Мелнички Мост – Центар Жупа, кој беше ветен на граѓаните. Целосно обновен е и патот за село Новак
- Се работи и на патот Ропотово – Црнилиште, инвестиција од еден милион евра
- Патот Кривогаштани – Воѓани се асфалтира
- Патот Брвеница – Чегране е скоро готов, 16 километри се асфалтирани
- Аактивно се гради и патот Делчево – Голак
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)