| четврток, 6 декември 2018 |

Вака ќе изгледа еден од најскапите македонски спотови (ВИДЕО)

Таа неодамна се врати од Барселона, Шпанија каде што го снимаше спотот за својата најнова песна „Играј валкано“. Познатата фолк-пејачка Џесика Палашоска наскоро ќе го промовира новиот видеоспот.

13393486_10209927853372594_1560986006_n

– Имаше повеќе анегдоти додека бевме таму. Kога снимавме на плажа со мојот тим, случајните минувачи постојано се интересираа која сум, што работам и од каде доаѓам. Исто така, нема да заборавам кога моравме да ги направиме неколкуте кадри во студената вода, но сепак морав да издржам машки – вели низ смеа Палашоска.

Песната е дело на тандемот Дејан Момировски и Борче Нечовски, додека, пак, како режисер на спотот се потпишува токму Џесика.

13400916_10209927853412595_740424492_n

Во Барселона, покрај Џесика и „Бокс продукција“, патуваше и стилистот Зоран Шурбески, кој се погрижи за нејзиниот изглед, а Палашоска за потребите на спотот носеше неколку креации на младиот и контроверзен стилист Златко Јовановски.

Спотот кој ќе биде промовиран многу наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top