| четврток, 6 декември 2018 |

ЕП група А: Домаќинот Франција е фаворит

Петнаесеттото Европско првенство во фудбал почнува в петок, на 10 јуни. Домаќин е Франција, која ќе го организира овој шампионат во следните 30 дена на 10 стадиони во земјата.

francija

Француската репрезентација како домаќин се најде во групата А, во која заедно со репрезентациите на Романија, Албанија и на Швајцарија ќе се бори за едно од првите две места кои со сигурност водат во следната рунда. Овој формат на натпреварување со 24 репрезентации овозможува и четири најдобро третопласирани репрезентации од шесте групи да се најдат во осминафиналето.

Според квалитетот и играчкиот кадар кои го одбраа селекторите на четирите репрезентации во групата А, Франција е фаворит пред останатите три селекции, додека за второто место ќе се борат Романија и Швајцарија. Албанија која е дебитант на завршницата од Европското првенство е аутсајдер, но според игрите кои ги покажа во квалификациите може да им ги помати сметките на останатите репрезентации.

Во продолжение погледнете го изборот на селекторите со кои Франција, Швајцарија, Романија и Албанија ќе настапат на 15. Европско првенство.

Франција:

Голмани: Беноа Костил (Рен), Уго Лорис (Тотенхем), Стив Манданда (Олимпик Марсеј)

Одбрана: Патрис Евра (Јувентус), Кристоф Жале (Лион), Лоран Кошчелни (Арсенал), Бакари Сања (М.Сити), Елиаквим Мангала (М. Сити), Самуел Умтити (Лион), Адил Рами (Севилја), Лукас Дигне (Рома)

Средина: Јохан Кабаје (Кристал Палас), Морган Шнидерлин (М.јунајтед), Нголо Канте (Лестер), Блес Матуиди (ПСЖ), Пол Погба (Јувентус), Муса Сисоко (Њукасл)

Напад: Кигсли Коман (Баерн), Андре-Пјер Жињак (Тигрес), Оливие Жиру (Арсенал), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Антони Марсијал (М.јунајтед), Димитри Паје (Вест Хем)

Селектор: Дидие Дешамп.

romanija

Романија:

Голмани: Циприан Татарусану (Фиорентина), Костел Пантилимон (Фатворд), Силвиу Лунг (Астра)

Одбрана: Кристијан Сапунару (Пандурии), Александру Мател (Динамо Загреб), Влад Кирикеш (Наполи), Валерика Гаман (Астра), Драгош Григоре (Ал Салија), Козмин Моти (Лудогорец), Разван Рат (Рајо Валјекано), Стелиано Филип (Динамо Букурешт)

Средина: Михаил Пантили (Стеауа), Овидиу Хобан (Хапоел), Андреи Препелита (Лудогорец), Андриан Попа (Стеауа), Габриел Торје (Османлиспор), Александру Чипчиу (Стеауа), Николае Станчиу (Стеауа), Лучијан Санматреан (Ал Итихад)

Напад: Клаудиу Кесеру (Лудогорец) Богдан Станку (Генчлербирлиги), Флориан Андоне (Кордоба), Денис Алибек (Астра)

Селектор: Ангел Јорданеску

svajcarija

Швајцарија:

Голмани: Роман Бурки (Б. Дормунд), Јан Зомер (Б. Менхенгладбах), Марвин Хиц (Аугсбург)

Одбрана: Јохан Џуру (Хамбургер), Нико Елведи (Борусија Менхенгладбах), Михаел Ланг (Базел), Стефан Лихтштајнер (Јувентус), Гранцоис Мубанџе (Тулуз), Рикардо Родригез (Волфсбург), Фабијан Шер (Хофенхајм), Стив фон Берген (Јанг Бојс).

Средина: Валон Бехрами (Вотфорд), Блерим Џемаили (Џенова), Желсон Фернандез (Рен), Фабијан Фрај (Мајнц 05), Гранит Џака (Арсенал), Денис Закарија (Јанг Бојс).

Напад: Ерен Дердијок (Касимпаша), Брел Емболо (Базел), Адмир Мехмеди (Баер Леверкузен), Џердан Шаќири (Стоук), Харис Сеферовиќ (Ајнтрахт Франкфурт), Шани Тарашај (Евертон).

Селектор: Владимир Петковиќ

albanija

Албанија

Голмани: Етрит Бериша (Лацио), Албан Хоџа (Партизани), Оргес Шехи (Скендербег).

Одбрана: Арлинд Ајети (Фросиноне), Насер Алији (Базел), Мергим Маврај (Келн), Лорик Цана (Нант), Елсејд Хусај (Наполи), Анси Аголи (Карабах), Фредерик Весели (Лугано).

Средина: Ледијан Мемушај (Пескара), Ергис Каче (Паок), Анди Лила (Јанина), Миѓен Баша (Комо), Одисе Роши (Риека), Бурим Кукели (Цирих), Ермир Лењани (Нант), Таулант Џака (Базел), Амир Абраши (Фрајбург).

Напад: Беким Балај (Риека); Сокол Цикалеши (Басакшехир), Армандо Садику (Вадуц), Шкелзен Гаши (Колорадо).

Селектор: Џани де Бјаси

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top