Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата во н.м. Бунарџик, Општина Илинден ја одбележа годишнината од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.
Свежо свеќе положија членовите на семејството на Роберт Петковски, претставниците на Општина Илинден предводени од градоначалникот Жика Стојановски, припадниците на специјалната единица „Волци“, како и жителите на Бунарџик.
Во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили кој беше член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, а под покровителство на градоначалниот Жика Стојановски, се одржа меморијален натпревар меѓу екипата на „Бунарџик“ и
репрезентацијата на Општина Илинден составена од фудбалери кои што играат во екипите во Општинската фудбалска лига, како и во Третата фудбалска лига-Север.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.