| четврток, 6 декември 2018 |

Спомен за Роберт Петковски кој трагично загина во Вејце во 2001 година

Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата во н.м. Бунарџик, Општина Илинден ја одбележа годишнината од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.

RobertPetkovskiIlinden2

Свежо свеќе положија членовите на семејството на Роберт Петковски, претставниците на Општина Илинден предводени од градоначалникот Жика Стојановски, припадниците на специјалната единица „Волци“, како и жителите на Бунарџик.

RobertPetkovskiIlinden9

Во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили кој беше член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, а под покровителство на градоначалниот Жика Стојановски, се одржа меморијален натпревар меѓу екипата на „Бунарџик“ и
репрезентацијата на Општина Илинден составена од фудбалери кои што играат во екипите во Општинската фудбалска лига, како и во Третата фудбалска лига-Север.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top