| четврток, 6 декември 2018 |

„Би препорачал најмалку три деца“- Ердоган со порака до Турчинките

erdogan semejnaТурскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган побара од Турчинките да имаат најмалку три деца, оценувајќи дека животот на жената е неисполнет доколку нема потомци.

Станува збор за уште една од низата изјави на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со кои поттикнува да се зголеми бројот на населението во земјата, кое и онака е во голем пораст последните години, а критичарите му забележуваат дека ги навредува правата на жените и истапува од исламистички позиции.

Според официјалната статистика во 2015 година, во Турција се регистрирани 79 милиони жители, наспроти 69 милиони во 2000 година.

Ердоган нагласи дека е горлив поборник на работата на жените, која не треба да преставува препрека за раѓање деца.

-Да се отфрли мајчинството претставува отфрлање на човештвото. Би препорачал најмалку три деца – рече во говорот во текот на инаугурацијата на новото седиште на Здружението на турските жени и демократија.

Ердоган има четири деца, две ќерки и два сина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top