| четврток, 6 декември 2018 |

Левицата ги освои локалните избори во Романија

izbori romanija
Левицата победи во Романија на локалните избори според првичните резултати со 37,5 проценти од гласовите, што според излезноста, ги става во силна позиција пред парламентарните избори подоцна годинава.

Социјалдемократите заминаа од власта минатата година по протестите заради жртвите во пожарот во ноќен клуб што покрена лавина незадоволства заради корупција во јавната сфера. Сега земјата ја води техничка влада до изборите во ноември или декември.

Левицата победи и во Букурешт како и во најмалку пет нејзини општини.

Овие локални избори ги одбележа слаба излезност, што за аналитичарите покажа предност на левицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top