| четврток, 6 декември 2018 |

Нападот на чешкиот автобус бил случаен?

ceski avtobus
Француското обвинителство смета дека чешкиот автобус врз кого беше стрелано од огнено оужје синоќа вечер, при што од скршено стакло беа повредени шест лица е избран случајно, пренесуваат медиумите во Чешка.

Во автобусот, кој се враќал од Шпанија, имало 75 патници и меѓу нив деца кои биле на училишна екскурзија.

– Првиот истрел го скршил предното стакло, а вториот кој бил по неколку секунди, задното стакло на возилото, изјави Јавниот обвинител Алекс Перин, кој додаде дека најверојатно е стрелано од ловечка пушка.

Според последните информации, меѓу учениците нема повредени, а денеска веќе сите патници се вратени дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top