Трикратниот убиец, 35-годишниот Шефаит Мастафа повторно во крвав пир. Вчера попладне околу 17 часот со автоматкса пушка во семејната куќа во потплачковичкото с. Ебиплија испукал неколку куршуми кон неговиот брат Ќемал, при што му нанел прострелна рана во пределот на десната надлактица. Ќемал веднаш е пренесен во штипската болница каде е задржан на лекување и е вон жовотна опасност. Шефаит побегнал од местото на настанот и сега сее страв помеѓу жителите од потплачковичките села во Карбинскиот регион, пренесе Сител ТВ.
Откако пред 16 години во с. Црвеулево со ловџиска пушка застрела три невини лица, а рани две, Шефаит беше осуден на 20 годишна затворка казна. Од затвор ислегол пред година и пол, а во межувреме набавил и автоматска пушка. Тој се заканувал дека има список за отстрел на 81 лице за кои сметал дека го предале на полициските власти. За последен пат е виден утринава во атарот на с. Црвулево, местото на злосторствотото од пред 16 години. Жителите не сакаат да зборуваат пред камера, заштоп стравуваат за нивните животи.
-Агресивен е. Додека не биде фатен не смееме да кажеме ништо-изјави жител на с. Црвулево, кој сакаше да остане анонимен
Според мештаните Шефаит по излегување од затвор покажал знчаци на ресоцијализација, се оженил и имал едно дете. Меѓутоа, откако ги нарушил односите со брат му, повторно се вратил на старо. Од полицијата засега не излегуват со конкретни информации, но потенцираат дека по него е распишана потерница и интензивно се трага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)