| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Ерменците се користат како средство за уцена против Турција

erdogan-turkey-parliamentТурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тврди дека обвиненијата дека Отоманското царство извршило геноцид на Ерменците во Првата Светска Војна се користат како средство за уцена против Турција.

Ердоган тврди дека Анкара никогаш нема да прифати дека станувало збор за геноцид.

– Овде не станува збор за Ерменците…Ерменското прашање се користи како средство за уцена против Турција. нашиот став кон ерменското прашање од почетокот е јасен: Ние никогаш нема да ги профатиме обвиненијата за геноцид, рече Ердоган во телевизиското обраќање, реагирајќи на одлуката на германскиот Парламент кој во четвртокот едногласно усвои Резолуција со која турскиот масакр над Ерменците се оквалификува како геноцид.

Резолуцијата „Сеќавање на геноцидот на Ерменците и другите христијански народи 1915. и 1916 година“, усвоена е со поддршка на сите партии во Парламентот. за време на гласањето само еден пратеник беше против и еден воздржан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top