| четврток, 6 декември 2018 |

Гром удри среде концерт, 70 повредени (видео)

Бројот на настраданите од ударот на гром на рок фестивалот Рок ам Ринг во Германија се искачи на 71 лице, соопшти денеска полицијата.15 лица се тешко повредени, а двајца се на одделот за реанимација.

При ударот на громот биле оштетени неколку шатори на местото на фестивалот, кој се одржува од 3 до 5 јуни во градот Мендиг. Организаторите на музичкиот настан соопштија дека тој ќе продолжи и покрај очекуваните силни бури и поројни дождови. Минатата година, на истот фестивал, при удар на гром настрадаа 33 лица.
koncert germanija

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top