Шпанскиот мотоциклист Марк Маркес ќе стартува од пол-позицијата на патеката „Каталуња“, на трката за ГН на Шпанија во МотоГП шампионатот.
Ниту изменатата патака на домашен терен не го спречи Марк Маркез да ја освои и третата пол-позиција за тековната сезона. Возачот на Репсол Хонда извозе круг од 1:43.589 секунди и со тоа си го резервираше првото место на стартот на утрешната трка, седма за оваа сезона. Покрај него, од првиот ред, трката ќе ја стартуваат уште двајца сонародници на Маркез, актуелниот првак Хорхе Лоренцо, Дани Педроса и Хектор Барбера.
Валентино Роси и (идниот тимски колега) Маверик Вињалес не одговорија на висина на задачата, па трката за нив утре ќе започне од вториот стартен ред. Истото важи и за Крачлоу и Јаноне. Дани Петручи, Довициозо, Рединг и Пол Еспагаро до третиот стартен ред.
– Искрено имав доволно добро време, но не очекував прва позиција. Менувавме многу стратегии и мило ми е што на крајот ја одбравме вистинската. Се обидов да направам сè што можам. Сакам пол-позицијата да им ја посветам на мојата баба и Луис Салом – кратко изјави Марк Маркез по завршувањето на квалификациите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.