Француски државјанин е упасен на полско-украинската граница со повеќе од 100 кг. експлозив. Како што пренесуваат руските и украинските медиуми, 25-годишниот Французин имал намера да организира напади на цели за време на Европското првенство во фудбал, што почнува на 10 јуни.
Кај него се пронајдени 100 кг. експлозив, три лансирни гранати, неколку калашњикови, оружје што сакал да го шверцува во Франција.
– Можеме да потврдиме дека е спречено нелегално пренесување на големо количество експлозив и друг арсенал на оружје – изјавија од украинската гранична полиција.
По терористичките напади што се случија во Франција, оваа земја ги презема сите мерки за максимално обезбедување на натпреварите на Европското фудбалско првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.