| четврток, 6 декември 2018 |

Оскаровката Сузан Сарандон со остар јазик: Хилари Клинтон е поопасна од Доналд Трамп (ВИДЕО)


Оскаровката и жесток поддржувач на Берни Сандерс, Сузан Сарандон, зборуваше против Хилари Клинтон, велејќи дека таа како претседател може да биде „поопасна“ од Доналд Трамп.

Во емисијата „Д јанг Туркс“ Сарандон ја критикуваше Клинтон поради нејзините ставови во надворешната политика. Таа исто така нагласи дека не ги сфаќа сериозно сензационалните ветувања на Трамп да изгради ѕид по должината на јужната граница и да ја забрани муслиманската имиграција во САД.

„Верувам дека на некој начин таа е поопасна“, рече Сарандон, одговарајќи на прашања во врска со тоа што Клинтон го нарече својот републикански ривал „опасен“.


„Таа не извлече поука од Ирак, и таа е интервенционист, и има направено ужасни нешта… ужасни работи. И многу бездушно. Не знам дали е искомплексирана или што ѝ е филмот.“

„Мене ми е многу страв. Мислам дека ќе бидеме во Иран за две секунди.“

„Не ме загрижуваат ветувањата за градење ѕид. Тој не е спремен да се ослободи од секој муслиман во оваа земја… Не знам што е неговата политика. Ги знам нејзините политики, знам од кого зема пари, и знам дека таа не е транспарентна, и знам дека никој не ја спречува.“

Сарандон, исто така, во четвртокот вечерта на МСНБЦ го истакна слабото критичко известување на медиумите во однос на Клинтон и рече дека федералното обвинение за поранешната државна секретарка е „неизбежно“.

„Никој дури не ни зборува за ова обвинение. Што се случува со тоа?“, изјави Сарандон. „На страна прашањето со довербата, затоа што таа беше фатена во толку многу лаги“.

Кога ја потсетуваат дека нема обвинителен акт, Сарандон одговара: „Не, но ќе има. Ќе има. Мислам, тоа е неизбежно.“

Сарандон води кампања за Берни Сандерс пред прелиминарните избори во вторник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top