Англискиот премиерлигаш Арсенал тргнува со конкретна активност за ангажман на најдобриот играч во Премиер – лигата за изминатата сезона, напаѓачот на шампионот Лестер, Џејми Варди. Раководството на „топчиите“ е подготвено да ја активира откупната клаузула и да го купи Варди уште пред стартот на Европското првенство во Франција.
Арсен Венгер мора да ја засили навалната линија на својот тим откако дозна дека Дани Велбек ќе го нема на располагање во поголем дел од наредната сезона, со оглед дека поради повреда ќе паузира долги девет месеци.
Џејми Варди постигна 24 гола во дресот на Лестер минатата сезона и беше еден од предводниците на тимот до освојување на шампионскиот пехар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.