Шест милиони и петстотини илјади евра ќе чини изградбата на новиот Луна парк во Скопје, за чија изградба и опремување се пријавиле десет македонски фирми. Од Градот информираат дека периодов што следи ќе треба да извршат евалуација, а потоа понудите да минат на електронска аукција и да се направи конечниот избор. Од Градот не можат да прецизираат кога ќе заврши целата постапка.
Градските власти сега бараат фирма за изведба на првата фаза од забавниот парк, т.е. за инфраструктурните работи. Проценето е дека тоа ќе чини околу 1,4 милион евра. Проценетата вредност, пак, за изведба на целиот проект (паркот со сите комплетни содржини и реквизити) е 6,5 милиони евра. Со проектот треба да се избере изведувач за градежни работи за партерно уредување со надворешна инфраструктура во забавниот парк и за изградба на придружни објекти, влезен портал, гардероби, работилница, магацин и тоалет.
Новиот Луна парк ќе се протега на површина од 82.000 квадратни метри, на местото на постојниот. Освен реквизити за возење, во паркот ќе има и објекти за служење храна и пијалаци, за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркинг… Проценето е дека новиот Луна парк годишно ќе има 200.000 посетители, најмногу семејства и деца до 15 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ексклузивно видео: Вака ќе изгледа новиот луна-парк (видео)
-
Се демонтираат вртелешките што вртеа 40 години: Започнаа градежни активности за новиот луна-парк
-
Нема да се уништува зеленило – Луна паркот во Скопје ќе се гради на постојната површина!
-
Атракцијата „слободен пад“ во новиот забавен парк во Скопје