| четврток, 6 декември 2018 |

Дознајте каква личност сте според кафето што го пиете

Според тоа какво кафе сакате да пиете може да каже многу за вашата личност, покажуваат најновите истражувања. Истражувањето спроведено од клиничкиот доктор Рамани Дурвасула, во кое учествувале 1.000 испитаници пронашло врска помеѓу одредени типови на личности и врстите на кафе кои можат да се најдат на пазарот.

Истражувањето вклучувало разни типови луѓе и нивните карактеристики, како трпеливост, перфекционизам, енергичност, чувствителност, храброст и слично.

Доколку сакате кремасти кафиња, како на пример капучино, тогаш најверојатно сте опсесивни и имате потреба постојано да ги контролирате работите, додека љубителите на кафе со млеко сакаат да ги усреќуваат луѓето, но не се грижат доволно за себе.

Оние кои пијат црно кафе стојат цврсто на земја и сакаат едноставност, но знаат понекогаш да бидат чудни.

Инстант кафе пијат луѓе кои секогаш ги одложуваат своите обврски и кои се по малку мрзеливи.

Слатки кафе-напитоци, ледено кафе и мешани кафиња, пијат храбри луѓе кои се сметаат себеси за пораснати деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top