| четврток, 6 декември 2018 |

Eстрадата на апчиња – лабилни, депресивни, луди или ништо не им фали

ana nikolic

Во последно време на српската естрада владее тренд во кој пејачките на цел глас пеат за тоа дека се лабилни, депресивни и луди.

Ана Николиќ пее дека била „Лабилна“, но и Анабела е популарна со „Емотивно лабилна“. Да не помислите дека едната ја копира другата, се работи за потполно различни ситуации.

anabela

Ана вели дека нејзината песна им е посветена на луѓето кои не знаат секогаш што сакаат во животот, а Анабела е за тоа да ја удави тагата во алкохол.

Со еден збор, тажна ситуација на естрадата. Жените пијат лекови и кратки пијачки поради некои неранимајковци. За среќа, во реалноста, работите стојат розово. Ана наводно е многу среќна со раперот Стефан Ѓуриќ Раста (со кого, до душа, ја направи песната „Фригидна“), а Анабела е бво брак со Андрија Атијас.

Наташа Беквалац, од друга страна, не е лабилна, но штотуку го претстави новото летно „Лудило“. И види чудо, и во неа една жена пие, зашто и онака нема да заврши во рајот.

natasa bekvalac

Не би се рекло дека има автобиографски детали, зашто пејачките и онака не ги пишуват текстовите на своите песни, но по мажачката со Љуба Јовановиќ Наташа призна дека „една вечер пивнале малку повеќе и решиле да се венчаат утредента без многу помпа“. Па, затоа сигурно тој вид лудило ѝ годи.

И на крајот Северина, во новата песна „Секунди“ за секунда беше пригласена за копија на Ријана. И Севе во песната пие лекови за смирување и тоа во опасна комбинација со алкохол, а на крајот ситуацијата кулминира со депресија.

Тажно, врв или патетика. Ако некогаш сте се прашале од каде потекнува „патетиката“, таа потекнува од старогрчкиот „pathos“, a значи занес, воодушевување, возхит. Е сега, која од дамиве е восхитена и во која мера, проценете сами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top