Новак Ѓоковиќ стигна до финалето на Ролан Гарос откако српскиот тенисер славеше во полуфиналната пресметка против Доминик Тием со максимални 3-0 во сетови. Со тоа, најдобриот тенисер на денешницата повторно дојде на само еден чекор до големиот сон, кревањето на пехарот на Отвореното првенство на Франција, со што Ѓоковиќ би ја комплетирал колекцијата од сите гранслем трофеи.
Свесен дека противникот може да биде многу незгоден, Србинот одлично го почна мечот и за десетина минути стигна до почетно водство од 3-0. Ѓоковиќ рутински го доби почетниот сет со 6-2, а потоа уште пофуриозно одигра во вториот дел, во кој по израмнетите 1-1 освои пет гејма во низа и поведе со 2-0 во сетови.
Тием покажа дел од својот талент на стартот од третиот сет, поведувајќи со 0-3, но Ѓоковиќ одговори со пет гејма во низа, со што првиот носител го сврте резултатот во своја полза и заслужено славеше со конечни 6-2, 6-1, 6-4.
Противник на Ѓоковиќ во големото финале на терените во Париз ќе му биде неговиот близок пријател Енди Мареј откако во второто полуфнале Британецот го елиминираше минатогодишниот шампион Станислас Вавринка со 3-1 (6-4,6-2,4-6,6-2) во сетови по два и пол часа игра.
Британецот првпат во својата кариера доаѓа до можност за борба за титулата во Париз, во која ќе се соочи со Ѓоковиќ кој претходно во три сета го елиминираше Австриецот Доминик Тим.
Мареј, релативно лесно си стигна до победата против Вавринка кој играше далеку послабо од вообичаеното за него. Имаше дури 43 неизнудени грешки, што пресуди за триумфот на британскиот тенисер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.