| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: За Германија Турција не е партнер кој заслужува доверба

germanija turcijaЗа Германија Турција не е партнер кој заслужува доверба, покажуваат податоците од анкетата направена од страна на службата „Инфратест дамап“.

Според резултатите од анкетата, 91 процент од германското население не ја смета Турција за партнер кој заслужува доверба.

Помалку од седум проценти од Германците сметаат дека Турција е сигурен партнер.

Според 89 отсто од анкетираните Германци, Берлин не треба да прави отстапка по прашањето за враќање на безвизниот режим за турските граѓани.

Податоците од анкетата направена од „Инфратест дамап“ покажуваат дека повеќето Германци ја одобруваат одлуката за признавање на ерменскиот геноцид, извршен во 1915 година за време на Османлиската империја.

Според 74 проценти од германското население одлуката на Бундестагот е правилна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top