| четврток, 6 декември 2018 |

Војнички дриблинг: Ветеран од Втората светска војна го посрамоти принцот Хари

profimedia-0288741711 princ hari_1000x0

Принцот Хари присуствувапе на една средба со ветерани од Втората светска војна. Се појави во одело, но без вратоврска, голем пропуст што го забележа Ајвор Андерсон (91), поранешен падобранец.

-Каде ти е проклетата вратоврска, забога, луто и строго викна ветеранот во инвалидска количка и ги насмеа сите во салата кај Портсмут.

-Знам, гледам. Ми рекоа да дојдам без вратоврска, а овде гледам сите носите, одговорил принцот, збунето и посрамотено.

После тоа Андерсон искоментирал дека не можел да премолчи, но дека сето тоа било шега.

-Дури му понудив да му позајмам една, рекол ветеранот.

На крајот се испаднало симпатично, но принцот Хари не можел да ја заборави забелешката.

-Требаше да ставам вратоврска, но сега е предоцна, што да правам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top