| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕвездите сопрени, резервистите го решија првиот меч во финалето на НБА (видео)

golden stejt

Главните ѕвезди во актуелниот шампион Голден стејт, Стеф Кари и Клеј Томпсон одиграа далеку под своите можности во првиот меч од финалето во НБА лигата против екипата на Кливленд, но нивниот тим ја отвори серијата со победа од 104-89.

Дури, конечниот резултат е премногу убедлив (104-89) ако се знае дека “браќата Сплеш” заедно комбинираа 20 поени, три помалку од, на пример, првата ѕвезда на Кливленд, Леброн Џејмс. Всушност, клупата на Голден Стејт има најголема заслуга за победата во првиот меч бидејќи резервните играчи на шампионот постигнаа 45 поени, наспроти само десет на оние на Кливленд.

Најефикасен беше Шон Ливингстон со 20 поени, додека Дрејмонд Грин постигна 16 поени, дополнети и со 11 скока.

Харисон Барнс постигна 13 поени, а Андре Игудала имаше 12 поени, со 7 скока и 6 асистенции. Кари запиша 11 поени, дополнети и со 6 асистенции.

Кливленд беше предводен од Кајри Ирвинг со 26 поени, Леброн Џејмс беше на чекор од трипл-дабл со 23 поени, 12 скока и 9 асистенции.

Вториот натпревар се игра, исто така, во Оукленд ноќта меѓу недела и понеделник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top