| четврток, 6 декември 2018 |

Антонија вечерва пее на „Макфест“, а со овој настап ги собра сите аплаузи

Четиринаесетгодишната Антонија Гиговска, една од трите македонски претставнички во шоуто „Пинкови ѕвездички“, вечерва првпат ќе настапува на „Макфест“. Во втората полуфинална вечер таа ќе ја изведе песната „За нас“, дело на Кире Костов и Миодраг Врчаковски, и ќе се бори за влез во утрешното финале.

На нејзиниот последен прикажан настап во шоуто, Антониа ја изведе песната „Маховина“ од Сара Јовановиќ и очекувано продолжи понатаму кон победа.

– Не знам што би додала покрај громогласниот аплауз. Навистина си одлична. Неверојатно добро можеш да се трансформираш и тоа ми се допаѓа. Ми се допаѓа што знаеш како да си ја одработиш својата задача – изјави за нејзиниот настап Гоца Тржан.

– Јас уживав. Сè ми беше некако изедначено. Се навикнав на твоите преубави интерпретации – додаде Хари Варешановиќ.

На „Макфест“ вечерва пее под реден број 5. Покрај неа ќе настапат и популарната Сара Мејс, Ѓоко Танески, Филип Божиновски и други.

Кои се првите десет финалисти на „Макфест“ погледнете тука.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top