Новак Ѓоковиќ е непобедлив на Австралија опен, а против извонредниот Швајцарец, Станислас Вавринка, потврди дека умее да игра и тениски маратони. По неверојатни 5 часа и две минути игра српскиот ас се избори за четвртфинале со победа од 1-6, 7-5, 6-4, 6-7, 12-10. Само последниот сет траеше над час и половина, а поумешен беше бранителот на трофејот и прв фаворит за нова круна, Ѓоковиќ.
Мечот го почна лошо и имаше негатива од 2-10 во гејмови, откако првиот сет го загуби со 1-6 и заостануваше 1-4 во игри, во следниот сет. Новак се подразбуди, почна да погодува во негов препознатлив стил и изранмни на 1-1 во сетови., а подоцна и поведе. Вавринка кој е тенисер со еден од најмоќните бекхенд удари во современиот тенис, возврати со триумфален финиш во тај-брејкот, а драмата продолжи во маратонскиот петти сет. На Австралија опен се игра според правилото на два разлика во игри во завршницата.
Ѓоковиќ дури во третиот обид искористи меч топка и го заврши епскиот дуел со победа. Во четвртфиналето српскиот тенисер ќе игра против Томаш Бердих. Новак има 3 титули на гренд слемот во Мелбурн и серија од 18 победи без пораз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


