| четврток, 6 декември 2018 |

Кому му пречи модернизирањето на железницата: Во­зо­ви­те и пат­ни­ци­те се жр­тви на под­ли по­ли­тич­ки игри

Еко­ном­ски и по­ли­тич­ки мо­ти­ви­ра­ни­те ин­ци­ден­ти има­ат крај­на цел да оне­воз­мо­жат нор­ма­лен, ре­до­вен и ква­ли­те­тен же­лез­нич­ки со­о­бра­ќај, пре­ду­пре­ду­ва­ат упа­те­ни­те. По­ра­ди при­ро­да­та на пре­во­зот, ко­га ќе дој­де до жр­тви, тие ќе се бро­јат во де­се­ти­ци или сто­ти­ци, а пр­ва­та жр­тва на ван­да­ли­те на пру­ги­те ќе би­де по­ли­тич­ка бом­ба на кре­вка­та по­ли­тич­ка сце­на во зем­ја­та

 

voz 4

 

По са­мо не­кол­ку ме­се­ци со­о­бра­ќа­ње но­ви­те во­зо­ви се со искр­ше­ни стак­ла, из­гре­ба­ни се од­над­вор, но и вна­тре, дел од за­штит­на­та пла­сти­ка е скр­ше­на, а тие на кои им би­ло здо­дев­но за вре­ме на удоб­но­то во­зе­ње, се за­ба­ву­ва­ле со се­че­ње и со го­ре­ње се­ди­шта­та.

„Ка­ме­ну­ван но­ви­от воз“, „Воз удрил во по­ста­ве­ни ка­ме­ња “, „Ка­ме­ну­ван воз, ма­ши­но­во­за­чот по­вре­ден“, „Ста­ви­ле кон­теј­нер на пру­га­та кај Ве­лес, но­ви­от воз оште­тен во су­ди­рот!“

Со овие нас­ло­ви поч­ну­ва­ат утрин­ски­те ве­сти. Ре­чи­си не по­ми­ну­ва не­де­ла, а во бил­те­нот на МВР да не се за­бе­ле­жа­ни ед­на, две, па ду­ри и не­кол­ку при­ја­ви на ин­ци­ден­ти што се слу­чи­ле во же­лез­нич­ки­от со­о­бра­ќај. Ка­ме­ну­ва­ње, по­ста­ву­ва­ње раз­ни ба­ри­ка­ди – кујн­ски апа­ра­ти, др­ва и ка­ме­ња на пру­ги­те, а во пос­лед­ни­от ин­ци­дент бе­ше по­ста­вен и ме­та­лен кон­теј­нер за ѓу­бре.

Не е по­треб­но остро око ни­ту ста­ти­сти­ка за да се за­бе­ле­жи де­ка ван­дал­ски­те актив­но­сти се по­за­че­сте­ни во пос­лед­ни­от пер­и­од, осо­бе­но отка­ко со­о­бра­ќа­ат но­ви­те во­зо­ви. Тоа што по­себ­но за­гри­жу­ва е сте­пе­нот на агре­сив­ност со кој на­ста­пу­ва­ат ван­да­ли­те, не раз­мис­лу­вај­ќи за пос­ле­ди­ци­те, за ма­те­ри­јал­на­та ште­та, а уште по­мал­ку за бро­јот на жр­тви.

Ин­тер­ни­те по­да­то­ци со кои рас­по­ла­га­ат Ма­ке­дон­ски же­лез­ни­ци (МЖ) одат во при­лог на оваа кон­ста­та­ци­ја­та де­ка ван­да­ли­те ста­ну­ва­ат по­а­гре­сив­ни во на­па­ди­те со по­ста­ву­ва­ње ба­ри­ка­ди.

–          Точ­но е де­ка ван­дал­ски­те актив­но­сти се по­за­че­сте­ни во пос­лед­ни­от пер­и­од, по­себ­но ко­га ста­ну­ва збор за но­ви­те во­зо­ви, кои, на­ви­сти­на, ја ме­ну­ва­ат сли­ка­та за тоа ка­ко тре­ба да изг­ле­да же­лез­нич­ки­от пре­воз на европ­ско ни­во. Но, ќе би­де мно­гу те­шко на­ша­та сли­ка да ста­не ка­ко европ­ска­та до­кол­ку не­од­го­вор­ни гра­ѓа­ни или не­га­тив­но мо­ти­ви­ра­ни ли­ца се дрз­ну­ва­ат да оште­ту­ва­ат оп­што­ко­рис­но до­бро. Има по­ве­ќе прет­по­ста­вки кои мо­жат да би­дат мо­ти­ви­те за ван­дал­ско­то од­не­су­ва­ње и се дви­жат од фи­нан­си­ски и по­ли­тич­ки мо­ти­ви­ра­ни до ни­ско ни­во на свес­ност и на кул­ту­ра – по­твр­ду­ва ди­ре­кто­рот на пат­нич­ки пре­воз на МЖ – Транс­порт а.д., Ки­ре Ди­ма­но­ски.

kontejner_voz

Пос­лед­ни­от ин­ци­дент со по­ста­ве­ни­от ме­та­лен кон­теј­нер на пру­га ја згро­зи јав­но­ста. И до­се­га се слу­чу­ва­ле на­па­ди со по­ста­ву­ва­ње ба­ри­ка­ди, но, очиг­лед­но, ван­да­ли­те ста­ну­ва­ат сѐ по­а­гре­сив­ни, а ко­га на пру­га­та се по­ста­ву­ва­ат раз­лич­ни пред­ме­ти, кои мо­жат да пре­диз­ви­ка­ат са­мо ште­та, во ни­кој слу­чај не мо­же да се на­ре­чат не­про­мис­ле­ни по­стап­ки, де­ци­ден е Ди­ма­но­ски.

Овие се т.н. еко­ном­ски и по­ли­тич­ки мо­ти­ви­ра­ни ин­ци­ден­ти, кои се со крај­на цел да се оне­воз­мо­жи нор­ма­лен, ре­до­вен и ква­ли­те­тен же­лез­нич­ки со­о­бра­ќај. Ова е по­себ­но важ­но да се знае би­деј­ќи во пос­лед­ни­от пер­и­од има по­раст на бро­јот на пре­ве­зе­ни пат­ни­ци, најм­но­гу по­ра­ди но­ви­те пре­воз­ни средс­тва, но и по­ра­ди но­ви­те мер­ки за зго­ле­му­ва­ње на мо­бил­но­ста на гра­ѓа­ни­те. Е ток­му овие при­чи­ни се мо­тив за не­ло­јал­на­та кон­ку­рен­ци­ја во пре­во­зот или на дру­ги­те ван­дал­ски на­стро­е­ни гра­ѓа­ни да се дрз­нат да оште­ту­ва­ат – ве­ли Ди­ма­но­ски.

Но, до­кол­ку се про­дол­жи со ва­кво тем­по, то­гаш те­шко мо­же да се оче­ку­ва из­диг­ну­ва­ње на ква­ли­те­тот на же­лез­нич­ки­от пре­воз на ни­во­то што го зас­лу­жу­ва­ат гра­ѓа­ни­те.

voz 3

По­ве­ќе од три де­це­нии не се ин­ве­сти­ра­ло во же­лез­нич­ки­от со­о­бра­ќај во Ма­ке­до­ни­ја, па со го­ди­ни овој на­чин на па­ту­ва­ње не бе­ше оп­ци­ја во Ма­ке­до­ни­ја. Низ зем­ја­та се па­ту­ва­ше са­мо со авто­мо­бил или со та­кси и со авто­бус. Со на­ба­вка­та на ше­сте но­ви во­зо­ви, об­но­ва­та и из­град­ба­та на но­ви пру­ги и со ре­но­ви­ра­ње­то на же­лез­нич­ки­те ста­ни­ци, же­лез­ни­ца­та во Ма­ке­до­ни­ја ста­на оп­ци­ја, со тен­ден­ци­ја да ста­не прв из­бор на пат­ни­ци­те, ка­ко во европ­ски­те зем­ји.

Ва­го­ни­те ќе би­дат кли­ма­ти­зи­ра­ни, со ва­ку­у­ми­ра­ни то­а­ле­ти, со до­бра топ­лот­на изо­ла­ци­ја, и за зим­ски и за лет­ни ме­се­ци, ќе би­дат мо­дер­ни, со­вре­ме­ни, удоб­ни. Не­што што во овој мо­мент го не­ма во Ма­ке­до­ни­ја, а мо­же­ме да го по­чув­ству­ва­ме са­мо ко­га па­ту­ва­ме во по­бо­га­ти­те европ­ски др­жа­ви ре­че то­гаш­ни­от пре­ми­ер Гру­ев­ски ко­га ја нај­а­ви ин­ве­сти­ци­ја­та од 25 ми­ли­о­ни евра во же­лез­нич­ки­от со­о­бра­ќај.

МЖ – Транс­порт не­ма да ја зго­ле­ми це­на­та на ус­лу­ги­те. Во пре­во­зот на пат­ни­ци це­на­та е кон­ку­рент­на на авто­бу­ски­от пре­воз, а ќе се ра­бо­ти на прив­ле­ку­ва­ње што по­го­лем број пат­ни­ци. Ко­га ќе за­вр­ши про­е­ктот за на­ба­вка на но­ви­те во­зо­ви, ќе го зго­ле­ми­ме и ка­па­ци­те­тот на во­зо­ви и то­гаш ќе мо­же­ме да ја зго­ле­ми­ме фре­квен­ци­ја­та на во­зо­ви, а, се раз­би­ра, со тоа се зго­ле­му­ва и бро­јот на пат­ни­ци – ве­ти пред три го­ди­ни, на по­че­то­кот на про­е­ктот за на­ба­вка на но­ви­те во­зо­ви, то­гаш­ни­от ди­ре­ктор на МЖ – Транс­порт, Оли­вер Дер­ко­ски.

Ко­му му пре­чат кли­ма­ти­зи­ра­ни­те ва­го­ни, бр­за­та ло­ко­мо­ти­ва и без­бед­на­та ком­по­зи­ци­ја?

Соз­на­ни­ја­та на­ве­ду­ва­ат пог­ле­ди­те да се впе­рат кон не­ло­јал­на­та за­дре­ма­на кон­ку­рен­ци­ја во пре­во­зот, за­што по­до­бре­ни­те ус­ло­ви во же­лез­ни­ца­та ги исфр­ли­ја од ко­ло­сек пре­воз­ни­ци­те што со го­ди­ни се чув­ству­ва­ат су­пе­ри­ор­но за да ин­ве­сти­ра­ат во по­до­бру­ва­ње на ус­ло­ви­те на сво­јот пре­воз и им лап­наа дел од сла­тки­от фи­нан­си­ски ко­лач.

voz 2

Вто­ро­о­сом­ни­че­ни се не­со­вес­ни­те гра­ѓа­ни, по­е­дин­ци со ни­ско ни­во на со­о­бра­ќај­на кул­ту­ра, кои со сво­и­те по­стап­ки мо­жат да пре­диз­ви­ка­ат огром­ни ште­ти.

–          Ште­ти­те мо­жат да би­дат огром­ни со ог­лед на тоа де­ка се ра­бо­ти за средс­тва, чи­ја­што вред­ност се ме­ри во ми­ли­о­ни. Се­ко­ја ште­та и не­пред­ви­де­но за­др­жу­ва­ње, по­пра­вка и не­мож­ност да се од­ви­ва ре­дов­ни­от же­лез­нич­ки со­о­бра­ќај при­до­не­су­ва за зна­чај­ни не­га­тив­ни пос­ле­ди­ци во ра­бо­те­ње­то и во одр­жу­ва­ње­то на нор­мал­ни­от со­о­бра­ќај – ве­ли Ди­ма­но­ски.

Гра­ѓа­ни­те тре­ба да би­дат свес­ни де­ка со се­кое из­жи­ву­ва­ње врз во­зо­ви­те ја за­гро­зу­ва­ат без­бед­но­ста на пат­ни­ци­те, но и на гра­ѓа­ни­те што гра­ви­ти­ра­ат око­лу же­лез­нич­ка­та пру­га.

Имај­ќи го ова пред­вид, во­зо­ви­те и же­лез­нич­ки­те не­сре­ќи, во кои до­кол­ку има жр­тви, по­ра­ди при­ро­да­та на пре­во­зот, се бро­јат во де­се­ти­ци и сто­ти­ци, мо­жат да пос­лу­жат ка­ко со­вр­шен по­ли­тич­ки ин­стру­мент, искра што ќе го диг­не во воз­дух бу­ре­то ба­рут. Се­кој по­мал ин­ци­дент, скр­ше­но стак­ло, оште­те­но се­ди­ште или рас­и­пан кли­ма-уред се ко­ри­сти ка­ко шла­ка­ни­ца што тре­ба да го „раз­бу­ди на­ро­дот“ за да го ви­ди рас­ип­нич­ко­то ра­бо­те­ње на вла­ста, ко­ја ги тро­ши на­род­ни­те ми­ли­о­ни за не­ква­ли­тет­ни во­зо­ви. Се­кој ка­мен, кон­теј­нер, ма­ши­на за пер­е­ње по­ста­ве­ни на пру­га­та се цр­вен аларм за без­бед­но­ста во же­лез­нич­ки­от со­о­бра­ќај. Пр­ва­та жр­тва ќе би­де по­ли­тич­ка бом­ба.

Иа­ко би би­ло ма­ли­ци­оз­но и не­чо­веч­ки да се раз­мис­лу­ва де­ка на­па­ди­те се по­ли­тич­ки мо­ти­ви­ра­ни, не е по­греш­но да се оче­ку­ва де­ка евен­ту­ал­ни­те жр­тви ќе пре­диз­ви­ка­ат и огро­мен по­ли­тич­ки по­трес во и та­ка чув­стви­тел­на­та си­ту­а­ци­ја. За­се­га МЖ не­ма кон­крет­ни соз­на­ни­ја де­ка же­лез­ни­ца­та се ко­ри­сти ка­ко ди­ре­ктен ин­стру­мент за под­гре­ва­ње на тен­зи­и­те, но по­сто­јат ин­ди­ции де­ка же­лез­нич­ки­те не­сре­ќи им одат в про­лог на на­ме­ри­те да се са­бо­ти­ра­ат про­е­кти­те во овој се­ктор – ин­ве­сти­ци­и­те и при­до­би­вки­те за пат­ни­ци­те.

До­ка­жа­но е де­ка не­ма зна­ча­ен ефект по­ста­ву­ва­ње­то ка­кви би­ло фи­зич­ки преч­ки со цел да се оне­воз­мо­жи ван­да­ли­зам. Се­пак, Ди­ма­но­ски ве­ли де­ка е те­шко, но и не не­ос­твар­ли­во да се про­нај­де ли­це што на­не­ло ште­та на кој би­ло на­чин во же­лез­нич­ки­от си­стем. Мно­гу­па­ти тие ли­ца би­ле санк­ци­о­ни­ра­ни. По­сто­јат раз­лич­ни ме­то­ди и мер­ки што  Ми­ни­стерс­тво­то за вна­треш­ни ра­бо­ти мо­же да ги при­ме­ну­ва во рам­ки­те на сво­и­те над­леж­но­сти, кои че­сто да­ва­ат ре­зул­та­ти, а тие што дем­нат со пол­ни џе­бо­ви ка­ме­ња тре­ба да има­ат пред­вид де­ка за­гро­зу­ва­ње­то на без­бед­но­ста во же­лез­нич­ки­от со­о­бра­ќај се ква­ли­фи­ку­ва ка­ко кри­вич­но де­ло, за кое каз­ни­те се ри­го­роз­ни.

 

Пишува: Катерина Митиќ

Фото: Александар Ивановски
(Текстот е објавен во 196. број на неделникот „Република“, на 3.6.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top