| четврток, 6 декември 2018 |

Кој го чува Путин: Мистериозната служба во служба на претседателот (ВИДЕО)

Руската федерална служба за заштита, која е одговорна за безбедноста на претседателот е најтајната организација во Русија со големи овластувања.ФСО е моќна, повеќефункционална и многу затворена организација, а за нејзините активности може само да се нагодува. Не постојат јавни податоци за нејзините операции ниту извештаи во јавноста.На нејзино чело 16 години се наоѓаше генералот Евгениј Муров, долгогодишен соборец на Путин, кој, како и рускиот претседател, доаѓа од владејачките структури од Ленинград.

fso-edinica-zastita-putin-02

Неодамна Путин го смени Муров и на негово место го псотави заменикот Дмитриј Кочнев. Муров не е разрешен поради пропусти во работењето, туку пради тоа што ја достигнал возрасната гртаница за државни службеници, па замина во пензија. Генералот Муров, еден од највлијателните луѓе во земјата, а на местото шеф на ФСО дојде само 11 дена откакоПутин стана претседател и никогаш не ја изгуби позицијата.

За новиот челник на ФСО се знае многу малку. Кочнев е човек без биографија – на страницитена Кремљ и ФСО за него нема ниту збор. Се знае самод ека на крајот на 2015 година раководел со службата за безбедност на претседателот.

Fj5ZMIZLMg

ФСО како специјална служба е речиси семоќна – нејзините луѓе имаат право да вршат оперативно-разузнавачка дејност, да прислушуваат, да влегуваат во лична коресподенција, да приведуваат граѓани, да шретресуваат домови, да запленуваат автомобили.

Кога заштитуваат државни канцеларии и други објкети, луѓето на ФСО се одговорни и за рутите на кои се наоѓаат објектите. Под нивна контрола е секоја 12. улица во Москва, а оние кои живеат на тие улици веќе имаат опсежни досиеја.

ФСо врши и социолошки истражувања на населението. Овие податоци се прибираат за раковдството на земјата, а се верува дека Претседатеството на Русија Советот за безбедност и Владата се потпираат на тие податоци кога донесуваат одлуки.

fso-edinica-zastita-putin-01

Рејтинзите на лидерите на партиите, мониторинг на социоекономската ситуација во регионите – сето тоа спаѓа во задолженијата на ФСО.

Ако некој гувернет поднесе оставка заоа што ја загубил довербата, најверојатно тоа има врска со ФСО, наведуваат руските аналитички портали.

Најпознатата должност на ФСО е да го штити „телото број еден“, односно претседателот на Русија.

Понекогаш припадниците на ФСО се облечени во црни униформи и на увото носат микрофон, а понекогаш се слеваат во народот. Тоа го работат ониењ во кои државата има најмногу доверба.

Тие не го штитат само претседателот, туку штитат и судии, функционери, објекти – Кремљ и Думата.

Упатени извори тврдат дека постои големо ривалство меѓу ФСО и ФСБ – Федерална служба за безбедност. Едно од последните овластувања на ФСО е создавање и развој на руски сегмент на интернетот за јавни службеници. Овие луѓе се одговорни за заштитените шифрирани комуникациски канали.

Вооружени се со нов модел на пиштол, кој е замена за ПМ (Макраов) и ПЈ (Јаригин). Новиот модел го изработил Централниот научноистражувачки институт за прецизно машинство. Иако не се зборува за моделот, најверојатно се работи за модификација на најубоитиот и најкомпактниот пиштол, автоматскиот „СПС“, самополнечки „Сердјуков“. Ова оружје е толку убоито што им било забрането на членовите на ФСО да го внесат во САД. Американците им доволиле на руските чувари да внесат само послабо лично вооружување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top