| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемата секс-икона се откажа: Не сакам веќе да имам секс со странци!

seron

На врвот на својата слава Шерон Стоун беше сметана за најсексапилна жена на светот, а и во 59. година од животот, ѕвездата на „Ниски страсти“ изгледа фантастично.

И покрај тоа што многу мажи би ја претставиле како „своја“, Шерон признава дека засега излегувањата ги ставила на чекање.

-Не е баш некој проблем да најдеш партнер за излегување. Но мојот живот е исполнет. Не сакам да губам време на бескрајни излегувања, кои не водат никаде, ниту пак на секс со туѓинци – вели актерката, признавајќи дека се откажала од таков начин на потрага по партнер.

-Во оваа фаза од мојот живот повеќе задоволство, физичко, спиритуално и емоционално, ми пружа насмевка, топол разговор или дури еден сексапилен поглед. Знаете, така како што маж знае да погледне, кога знаете дека навистина ве гледа. Не би сакла да бидам со некого без причина – рекла Стоун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top