
Реката Сена ги поплави крајбрежните области во француската престолнина Париз.

Постои опасност таа да се прелее и во други градови. Нивото на водата се зголеми за 4.3 метри, а патиштата околу Ајфеловата кула се затворени. Локалните власти предупредуваат граѓаните да бидат внимателни, ако се во близина на водата. Многу туристи останаа блокирани околу Париз.

Спасувачките служби извршиле повеќе од 8 000 спасувачки операции близу границата со Белгија. Се очекуваа оваа состојба да потрае до петок.
![]()
Невообичаено обилните дождови во цела Франција во последните денови доведоа до одложување на натпреварите од Отвореното првенство во тенис на Франција „Ролан Гарос” и евакуација на два затвори.

За утре е најавен црвен метео аларм за дел од Централна и Северна Франција поради поројни врнежи и опасност од поплави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


