| четврток, 6 декември 2018 |

Трајче Ѓорѓиев со пантомимата „Човекот“ во Порта Македонија

Во Порта Македонија, вечерва во 20 часот, актерот Трајче Ѓорѓиев ќе ја изведе претставата „Човекот“.

По пет години отсуство од сцените низ Македонија, претставата која гостуваше на многубројни фестивали низ светот- Кина, САД, Германија, Бугарија, Словенија, Хрватска…се враќа на сцената на Порта – Македонија.

Инаку, неодамна на првиот Интернационален фестивал на монодрамата, пантомимата и кабарето “Златни Рис” во Бања Лука (Република Српска), Трајче Ѓорѓиев ја освои наградата “Најбољи Покрет” (Најдобро сценско движење) од стручното жири, токму за неговата претстава – пантомима, “Човекот”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top