Со средства за чистење неколку жени денеска спонтано се собраа пред Порта Македонија со цел да го исчистат она што радикалните исламисти на БЕСА и платениците на СДСМ и СОРОС го уништуваат со фрлањето боја врз симболот на македонската државност.
-Млади сте на вас останува државата, ние веќе поминавме, ама вие треба да бите многу силни и да го издржиме ова. А ние повторно ќе се собираме и ќе бришеме. Како они што наоѓаат средства да фарбаат, да валкаат и да плукаат по нашата Македонија, така и ние ќе најдеме да избришеме, велат жените кои самоволно и доброволно се организирале за ваква акција.
Сепак вработените во портата им забраниле на жените да продолжат да чистат бидејќи како што велат, мермерот е специфична површина која може да биде дополнително оштетена доколку се чисти со несоодветни детергенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.