| четврток, 6 декември 2018 |

Во Германија има работа за 655 илјади работници

Во Германија има работа за 655 илјади работници, објави Агенцијата за вработување на таа земја. Во оваа западна земја се потребни квалификувани работници, потенцираат оттаму.

Невработеноста во Германија се намали повеќе од очекуваното во мај, како резултат на зголемувањето на надежите дека најголемата економија во Европа ќе биде во состојба да го прими масовниот прилив на бегалци во земјата.

Вкупниот месечен број луѓе без работа во сезонски прилагодливи услови падна, известуваат од федералната агенција за труд.Ова се случи и покрај зголемувањето на бројот на бегалците кои се пријавија како невработени минатиот месец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top