Многу ми значат пораките кои ги добивам од своите деца – па и да се исчкртани на мало парче хартија или напишани со совршен ракопис во тетратка со линии. Но писмото кое го добив за денот на мајките од ќерка ми, ми го промени животот…
Видете, не беше секогаш така. Во текот на мојот неорганизиран и растроен живот, започнав еден обичај кој радикално се разликуваше од начинот на кој дотогаш се однесував. Станав личност која вика. Тоа не беше често, но беше екстремно – како пренадуен балон кој ќе пукне и биле кои се во близина ќе избегаат од страв. “Важна работа за мојата мајка е…таа е секогаш тука за мене, дури и кога ќе направам проблем.”
Што се случуваше толку со моите деца, кои тогаш имаа три и шест години, заради што се губев? Дали тоа беше заради тоа што помалата ќерка имаше обичај да истрча по уште три белегзии и омилените розови наочари, кога веќе доцниме? Дали заради тоа што другата ќерка се обиде да стави житарици во чинија и ја истури цела кутија на под? Дали бидејќи го скршија мојот омилен стаклен ангел кој им реков да не го фаќаат?
Да, тоа беа такви работи – нормални детски закачки , типични детски проблеми и однесувања – кои ме иритираа до таа мера што губев контрола.
Ќе ви кажам во што се претворив. Во моето тргнување на вниманието.
Претерана употреба на телефони, премногу задачи, to-do листа на повеќе страни и трка за совршенство. Тоа едноставно ме исцрпи. А викањето на луѓето кои ги сакав беше директна последица на губење на контрола која ја чувствував во својот живот. Секако, морав да пукнам некаде. Пукнав зад затворени врати, во друштво на луѓе кои ми значеа најмногу на светот. Се до еден судбоносен ден.
Мојата постара ќерка слегуваше од столицата за нешто да дофати, а потоа случајно преврте цела кеса ориз на под. Додека милион ситни зрна летаа по подот како дожд, очите на моето дете се исполнија со солзи. И тогаш видов – страв во нејзините очи, додека се подготвуваше за тиранијата на својата мајка.
Таа се плаши од мене. Моето шестгодишно дете се плаши од мојата реакција за својата ненамерна грешка.
Со длабоко жалење сфатив дека не сум мајка покрај која сакам моите деца да пораснат, ниту да го живеам остатокот од својот живот на тој начин.
Во неделите кои следеа по таа епизода , доживеав слом и просветлување – момент на болно осознавање кој ме покрена на пат hands free , пат на кој ќе заборавам на сите обврски и ќе го видам она што е навистина важно. Тоа беше пред три години – години на постепено одвојување од претераната употреба на елекстронско рачунало во мојот живот, три години ослободување од недостижните стандарди на перфекција и притисок на општеството да работиш се. Како што се ослободував од своите интерни и екстремни дистракции, бесот и стресот кои вриеја во мене почнаа да исчезнуваат. Со помал терет на грбот, можев да реагирам на грешките на моите деца посмирено, почувствително и поразумно.
Велев: “Тоа е само сируп од чоколадо. Кога ќе избришеме ќе биде како ново.” Се понудив да го држам лопатчето за ѓубре, додека таа ги собираше истурените житарици на подот.
А во моментите кога исцрпеноста и непрестаното кукање се закануваат дека ќе го одземат најдоброто од мене, би влегла во купатило, би ја затворила вратата и би си дала малку време да дишам и да се потсетам дека тие се само деца, а децата грешат. Баш како и јас.
Со тек на времето стравот, кој се гледаше во очите на моите деца, кога ќе западнат во неволја, исчезна. И фала Богу, станав засолниште во нивните тешки моменти, наместо непријател од кој треба да бегаат и да се кријат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.