| четврток, 6 декември 2018 |

Што готви Саудиска Арабија, ќе го претвори ли Косово во балкански Моленбек?

Саудиска Арабија сака самопрогласената држава Косово да ја претвори во Моленбек на Балканот, пишува францускиот весник Пуан.

siptari-terorizam-dzihad-790x444

Косово е опишано како мала држава која настана по распадот на Југославија и како земја во која Саудиска Арабија праќа многу пари, но и проповедници. Весникот наведува дека поради ова Косово се претворило во регрутен центар за џихадисти.

Авторот Мишел Коломес се повикал на податоците кои претходно биле објавени од New York Times, а во кои се анализира зошто на Блискиот Исток најмногу обучени џихадисти пристигнуваат од Косово. Според New York Times, парите на Саудиска Арабија помогналe за тоа населението, од кое поголем дел до почетокот на 2000-та година практикувале умерен ислам да преминат во вехабии.

Саудијците не штеделе на овој подвиг, па така повикале и десетина студенти да дојдат и да изучуваат ислам на универзитетите ширум Кралството. Освен изградбата на џамии, девојките мораат да носат хиџаб.

САД сега се повеќе се дистанцираат од Саудиска Арабија, која од крајот на Втората светска војна беше привилегиран партнер на Вашингтон во овој регион. Како друга причина за големото разочарување на САД е тоа што тие му помогнале на Косово да се осамостои во 2008-та година и го сметале за свој протекторат, земја со умерен ислам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top