Претседателот на Генералното собрание на ОН Вук Јеремиќ се пофали на Твитер дека се сретнал со фронтменот на бендот U2 Боно Вокс. Тој дури и објавил фотографија со Вокс со кого позираат со подигнати три прсти, (традиционален српски поздрав), но веднаш потоа се испоставило дека човекот само личи на Боно, а неговото вистинско име е Павел Сфера. Јеремиќ потоа се правдал дека бил совршен двојник на фронтменот на U2 и дека сите други во кафулето го помислиле истото.
– Што се однесува до трите прсти, така би се сликал и со вистинскиот, рекол Јеремиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.