| четврток, 6 декември 2018 |

Се посрамотил: претседателот на Генералното собрание на ОН се фотографирал со погрешен Боно Вокс

Претседателот на Генералното собрание на ОН Вук Јеремиќ се пофали на Твитер дека се сретнал со фронтменот на бендот U2 Боно Вокс. Тој дури и објавил фотографија со Вокс со кого позираат со подигнати три прсти, (традиционален српски поздрав), но веднаш потоа се испоставило дека човекот само личи на Боно, а неговото вистинско име е Павел Сфера. Јеремиќ потоа се правдал дека бил совршен двојник на фронтменот на U2 и дека сите други во кафулето го помислиле истото.

– Што се однесува до трите прсти, така би се сликал и со вистинскиот, рекол Јеремиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top