| четврток, 6 декември 2018 |

МАНУ и Бугарската академија на науки ќе промовираат заеднички зборник

„Модернизмот во бугарската и во македонската литература“ е насловот на заедничкиот зборник со Бугарската академија на науките кој ќе биде промовиран денеска во Македонската академија на науките и уметностите.

Промоцијата е по повод завршувањето на проектот „Европските вредности во делата на македонските и бугарските писатели од 20 век“.

Промоцијата ќе ја отвори претседателот на МАНУ, академик Таки Фити.

За проектот и за зборникот ќе зборуваат: проф. д-р Елка Трајкова, директор на Институтот за литература на Бугарската академија на науките, проф. д-р Александар Јорданов, раководител на проектот од бугарска страна и акад. Милан Ѓурчинов, раководител на проектот од македонска страна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top