Министерот за правда на Саудиска Арабија, Мухамед ал Иса соопшти дека „колевката на светите места на исламот“ нема да дозволи во неа да има верски храмови на други религии.
– Тоа се однесува на христијаните, но и на будистите и на хиндусите. Меѓутоа тоа не значи дека не се почитуваат човековите права, рекол министерот во Брисел.
Државната религија во Саудиска Арабија е ислам со вехабитска ориентација, а власта во оваа земја се смета за „чувар на на светите места Мека и Медина“.
Во оваа арапска земја живеат околу 1,5 милиони странски работници од немуслиманска вероисповед. Немаат ниту еден верски објект, а забранет е и увоз на Библијата или носење на неисламски симболи, пренесува верската информативна агенција ВИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.