| четврток, 6 декември 2018 |

Саудиска арабија ги забрани немуслиманските верски храмови

Министерот за правда на Саудиска Арабија, Мухамед ал Иса соопшти дека „колевката на светите места на исламот“ нема да дозволи во неа да има верски храмови на други религии.

–       Тоа се однесува на христијаните, но и на будистите и на хиндусите. Меѓутоа тоа не значи дека не се почитуваат човековите права, рекол министерот во Брисел.

Државната религија во Саудиска Арабија е ислам со вехабитска ориентација, а власта во оваа земја се смета за „чувар на на светите места Мека и Медина“.

Во оваа арапска земја живеат околу 1,5 милиони странски работници од немуслиманска вероисповед. Немаат ниту еден верски објект, а забранет е и увоз на Библијата или носење на неисламски симболи, пренесува верската информативна агенција ВИА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top