| четврток, 6 декември 2018 |

Партијата на пиратите влезе во исландскиот парламент

Пиратската партија освои 5,1 проценти од гласовите на парламентарните избори на Исланд со што успеа да обезбеди место во исландскиот национален парламент.

Нивните главни цели се борбата против цензурата, заштитата на слободата на говорот, превенцијата од злоупотребата на авторските права и политичката транспарентност.

Според тамошните медиуми, партијата е основана во 2006 година а до сега најголем успех имала во 2009 година кога обезбеди 2 места во Европскиот парламент.

Оваа партија доби голем публицитет на Исланд во последните неколку месеци, а по изборните резултати се очекува продолжување на позитивниот тренд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top