| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо: Ќе немам никакви проблеми со Гвардиола, ова не е Шпанија

murinjo i gvardiola

Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола водеа епски битки во Примера дивизион како тренери на Реал Мадрид и Барселона, па англиската јавност со нетрпение ги очекува нивните пресметки во Премиер лигата, како кормилари на Манчестер јунајтед и Манчестер сити. Сепак, „специјалниот“ порача дека ситуацијата на „островот“ воопшто не е слична со онаа во Шпанија, па не гледа на Гвардиола како на најголем ривал.

– Нема да има инциденти како што тоа беше случај во Шпанија. Тоа беше поинаква ситуација, два клуба кои се борат со сите сили за титулата, па нормално беше и тренерите да влегуваат во конфликти. Ова сепак е Премиер-лига, ситуацијата е многу поинаква, бидејќи ако се насочам само кон Гвардиола и Сити, некој друг тим ќе го искористи тоа и ќе стане шампион. Убеден сум дека ќе немам проблеми со Пеп бидејќи тој ќе биде само еден од неколкуте тренери кои ќе ми бидат директни ривали во битката за највисок пласман – истакна Мурињо.

Без оглед на ваквите најави на Португалецот, јасно е дека кога ќе се сретнат Мурињо и Гвардиола, сигурно нема да биде здодевно, како на теренот, така и на клупите на двата гиганти од Манчестер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top