| четврток, 6 декември 2018 |

Внимавајте каде патувате летово, можни се терористички напади во туристички објекти

Стејт департментот ги предупредува американските граѓани дека летово се можни терористички напади во Европа, а цели би можеле да бидат туристичките објекти.

state-department-768x575

Предупредувањето за опасноста при патувањето во Европа се однесува за периодот до 31 август.

Стејт департментот предупредува дека цел на терористички напади би можело да биде и Европското првенство во фудбал што ќе се одржи во Франција од 10 јуни до 10 јули, како и манифестацијата Светски денови на католичката младина што ќе се одржи во Полска од 26 до 31 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top