Ирачките власти и ја одзедоа лиценцата на катарската телевизија Ал Џезелира и на уште 9 други сателитски телевизиски канали поради „промоција на секташко насилство“.
Во соопштението на властите се вели дека работата на телевизиите е суспендирана поради „непрофесионално известување“ кое резултирало со „внатрешно етничко насилство во земјата“. Во Ирак веќе неколку денови траат насилства и масовни протести, но и оружени судири меѓу милитантните сунитски банди и ирачката војска.
– Донесовме одлука да ја суспендираме лиценцата на одредени сателитски телевизиски канали кои усвоија јазик на поддршка на насилството и секташтвото, изјавил претседателот на ирачката комисија за комуникации и медуми, Муџахир Абу ал Хаил за агенцијата Франс прес.
Катарската телевизија до сега беше и претходно обвинета за изразито пристрасно известување по прашањето за Сирија како и за време на воениот судир во Либија во 2011 година поради што некои вработени во телевизијата дадоа откази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.