Во Друштвото на писателите на Македонија, денеска се оджа свеченост по повод одбележувањето на 85-годишнината од раѓањето на истакнатиот македонски поет, есеист, писател и публицист, академик Анте Поповски.
За есеите на академик Поповски пред присутните се осврна професорката Кристина Николовска, која во обраќањето насловено „Ода за Македонија“ се произнесе за сите теми на есеите: генезата и културната еволуција, археолошката историја на Македонија, Македонија на географските мапи, Античките Македонци, Библијата и библиската земја, средбата на етниите, македонските книжевни споменици, црковните записи, зборот, јазикот, македонството, Прличев, Мисирков, Вапцаров, Солунските атентатори, распарчувањето на Македонија, политизација на книжевната наука, името, јазикот, традицијата, мисијата и поезијата на СВП…
–Јазикот за Анте е највисока татковина: јазикот, зборот, значи вистинско родно место на поетот-вели поетот поттикнат од Рацин.
Големо признание му оддава тој на јазикот како нов член на Светската академија на поезијата на УНЕСКО: „На мое пријатно изненадување сето тоа што јас го остварив е дело на јазикот. Јас бев победен од нашиот јазик кој е извонредно богат“, рече меѓудругото Николовска.
За неа „Анте е поетот-мудрец кој знаеше да ги процени вистинските вредности, но и да ги процени идните Нобеловци, кои лично му ги предлагаше за лауреати на СВП. Анте не е расен македонист и славист, тој е извонреден познавач на светкста литература. Како таков, подеднакво треба да го славиме и македонистите и славистите и компаратистите.“
-Небото Македонско кое се отвора над мапите на Македонија. „Никојпат тоа небо не е замаглено и мрачно и постојано понудува излез“-вели Анте. И навистина драги мои погледнете го небото Македонско. Небо-надеж. Небо-излез. Небото-излез го има и во земјата во која: „Светлината во нејзината конечна преобразба во зборови, во оваа поезија постојано сонува зборови, Низ светлината на зборовите, по којзнае кој пат, ние одново откриваме“-вели поетот.
И запаметете:„Не живееме заради заборав, туку за да се памети.“ Денес се искачивме високо. Та нека се памети денов голем, нека векува нашата почит кон опусот на великанот и нека неговите пораки патуваат за арно кон луѓето од сиот свет-преку ракописот на небото, преку писмото на реките, ѕвездите и ветерот…Аманетот ни е бескраен и вечен…“, го заврши обраќањето проф. Кристина Николовска.
Од името на семејството на академик Анте Поповски, пред присутните се заблагодари неговиот син Александар Поповски, кој потоа соопшти дека делата од неговиот татко ќе ги подарат на библиотеката на Друштвото на писателите на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија