| четврток, 6 декември 2018 |

Гледач во емисија на Минимакс го предвиде убиството на Аркан (видео)

Жељко Ражнатовиќ Аркан, покојниот сопруг на фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, беше со неа и ја бодреше од публика за време на нејзиното гостување во емисијата “Максовизија”, само три дена пред неговата смрт.

Како што пишува Еспресо.рс, тој ја слушаше својата сопруга од публиката, а во таа прилика се јавуваа и гледачи за да ги прашаат нешто гостите во емисијата.

Сепак, иако Цеца беше гостинка, а Аркан беше дел од публиката, една гледачка која се јави во емисијата побара да му упати прашање токму нему. Таа ја посоветува Цеца да го пази Аркан, на што Цеца само три дена пред да биде убиен и одговори низ смеа: – Не грижете се јас го чувам него.

arkan-i-ceca-foto-printskrin-1464530993-917401

Тој беше убиен на 15 јануари 2000 година.

Јавувањето на гледачката може да го погледнете во 12:27 минута од видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top